Антиќ “грдиот”

Лесно може да се случи поранешниот репрезентативец и единствен македонец кој настапува во НБА лигата, Перо Антиќ да го пропушти почетокот на новата сезона, откако на последните тренинзи на Атланта Хоукс заработил повреда на носот.

Се уште не се знае тежината на повредата на крилниот центар и дали ќе биде подготвен за стартот од новата НБА сезона која започнува на 4 октомври. Популарните „јастреби“ првиот натпревар го очекуваат на 6 октомври против Њу Орлеанс Пеликанс.

Како и да е, оваа негова слика беше инспирација за поранешниот негов соиграч од Црвена Звезда, Марко Кешељ кој наместо да му посака побрзо закрепнување, му посочи на Перо дека делува грдо на сликата.

By9Yz69CYAA1jaJ
keselj

Сепак, се работи за двајца добри пријатели кои одлучиле малку да се пошегуваат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.