Антиќ не доби шанса во дуелот со Лос Анџелес Лејкерс

Поразите на Сан Антонио, Лејкерси и Индијана,како и триумфот на Мајами ја одбележаа ноќта во НБА лига. Сан Антонио беше декласиран од Лос Анџелес Клиперс со 115:92. Најефикасен во победничкиот тим беше Блејк Грифин со 27 поени , Крофорд постигна 17, додека кај гостите најефкасен беше Тим Данкан со 17 поени.

Прв пораз на домашен терен претрпе Индијана , која беше поразена од Детроит со 101:96. Лос Анџелес Лејкерс, пак по првиот триумф по враќањето на Коби Брајант на паркетот, овој пат загубија од Аталната на Перо Антиќ со 114:100. Антиќ овој пат не влезе во игра и победата на „јастребите” ја проследи од клупата.

Резултати: Индијана – Детроит 96:101, Атланта – ЛА Лејкерс 114:100, Бостон – Минесота 101:97, Мајами – Јута 117:94, Бруклин – Филаделфија130:94, Њујорк – Вашингтон 101:102, Чикаго – Орландо 82:83, ЛА Клиперс – Сан Антонио 115:92