Антиќ одигра одличен натпревар, Аталнта загуби од Голден Стејт

Македонскиот кошаркар во редовите на Атланта во НБА лига, Перо Антиќ со одлична партија против Голден Стејт на најдобар може начин ја оправда довербата од тренерот Мајк Буденхозен кој по повредата на Ал Хорфорд за првпат го стави во стартната петорка.

Но, Атланта и покрај одличната игра на Антиќ загуби од Голден Стеејт со 101:100. Најзаслужен за победата на Голден Стејт беше Андрес Игудала кој погоди за три поени со последниот свиреж на судијата.

Антиќ на паркетот во Филипс Арената мина 26:41 минута бележејќи личен рекорд  со постингати 16 поени (4/6 за три поени, 2/3 за два поени) на кој придодаде и 7 скока (6 дефанзивни и еден офанзивен) и една украдена топка.

ЛА Лејкерс ја прекина серијата порази, успевајќи да им донесе ретка радост на своите навивачи со победата од 110-99 над Јута џез. Гасол со 23 поени и 17 скокови беше најефикасен во таборот на „езерџиите“, а одлична игра прикажа и бекот Кендал Маршал, кој го заврши мечот со 20 поени и 15 асистенции.

Резултати: Вашингтон-Торонто 88:101, Атланта-Голден Стејт 100:101, Бостон-Њу Орлеанс 92:95, Хјустон-Њу Јорк 102:100, Далас- Лос Анџелес Клиперс 112:119, Денвер-Менфис 111:108, Лос Анџелес Лејкерс:Јута 110-99.