Антиќ повторно двоцифрен, Атланта повторно поразена

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ, одигра уште eден извонреден натпревар во НБА лига, но неговиот тим Атланта повторно е поразена, овој пат минимално од Лос Анџелес Клиперс со 109:108.

Антиќ за 30 минути на паркетот постигна 16 поени (три од пет во шутевите за три поени), дополнети и со шест скока и една асистенција.

Атланта имаше можност да го одведе натпреварот во продолжение, но Џеф Таг на една секунда пред крајот реализираше само едно од двете слободни фрлања. Најефикасен кај Атланта беше Керол со 19 поени, а на спротивната страна предводник во победата на ЛА Клиперс беше Блејк Грифин со 27 поени.

Резултати: Филаделфија – Јута 92:104, Кливленд – Њујорк 97:107, Мемфис – Шарлот 111:89, Сан Антонио – Орландо 121:112, Милвоки – Вашингтон 107:114, ЛА Клиперс – Атланта 109:108

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.