Антиќ со 16 поени во победата на Атланта над Денвер

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ, одигра уште еден одличен натпревар за Атланта во НБА лига. Тој во финишот на натпреварот против Денвер, реализира еден од клучните поени за триумфна “јастребите” со 97:92.

Во максимално израмнета завршница во која Денвер постојано имаше предност од еден до три поени, на 41.секунда пред крајот Антиќ постигна два поени за водство на Атланта од 93:92.

Антиќ иовој пат беше во стартнатапеторка, а за 24 минути постигнувајќи 16 поени (6/12 од игра) дополнети и со две асистенции и еден скок.

Резултати: Њујорк – Милвоки 115:94, Вашингтон – Бруклин 101:94, Атланта – Денвер 97:92, Детроит – Индијана 104:112(пр), Филаделфија – Мемфис 77:103, Чикаго – Сакраменто 94:87.