Антикорупциска ги доби документите од М-НАВ

88

На истекот од петнаесетдневниот рок, претпријатието за воздушна контрола М-НАВ ги доставило до Антикорупциската комисија документите потребни за постапката во која се истражува дали генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски го местел тендерот за набавката на радарскиот систем за летање за потребите на ова претпријатие.

По ова како што велат од ДКСК ќе почнат да истражуваат дали постои корупција во случајот со наводното местење тендер за набавка на радарскиот систем, проект финансиран од европската банка за обнова и развој. Доколку е потребна дополнителна документација тогаш антикорупционерите ќе продолжат со барањата и од претпријатието и од Владата.

Во меѓувреме оддржавното обвинителство молчат. Нема одговор дали е отворена истрага за ген секот на владата Драги Рашковскино и за директорите на М НАВ кои јадоговарале постапката за тендерот. За случајот беа објавени две аудио снимки од разговор меѓу Рашковски, разрешениот технички директор на МНАВ Климент Чапуњовски и директорот и претседател на управниот одбор на компанијата, Николче Тасески. Тендерот тежел 7 милиони евра а требало да го добие италијанската фирма Леонардо.

За овој случај беа објавени две аудио снимки на порталот „Лидер“, а денеска на распит во полиција беа новинарите Љупчо Златев и Горан Момировски. Од МВР нема официјална информација во кое својство тие се повикани, а молчат и од Обвинителството, од каде што не соопштуваат дали е отворена истрага за набавката на радарскиот систем.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.