Антикорупциска ги прогласи за неосновани обвинувањата за Мицкоски

Државната комисија за спречување на корупција едногласно одлучи да биде прекината постапката против Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

ДКСК овој предмет го отвори по сопствена иницијатива по изјавите во медиумите во однос на доделувањето на мали хидроцентрали како и на наводи во однос на средствата со кои управувале хидроцентралите.

Прашањето на ДКСК беше дали Христијан Мицкоски како советник на влада и управен одбор на ЕЛЕМ имал акти да влијае на донесувањето на одлуки?

Одлуката е објавена во јануари 2014 година, а донесена е во август 2015 година. Во периодот на одлуката Мицкоски не се јавува како учесник за да има влијание. Тој како советник бил назначен во април 2015-та, а во август сето ова било завршено и со тоа тој не бил член на советот за да влијае на донесувањето одлуки.

На седницата беше предложено постапката против Мицкоски да биде прекината при што едногласно беше изгласана одлука да се прекине постапката против Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.