Антикорупциска: Казна од 150 евра за седум директори на ЕЛЕМ

Антикорупциската комисија ќе поведе прекршочна постапка против седум директори во рударско-енергетските комбинати што се во составот на АД Електрани на Македонија бидејќи не доставиле анкетни листови.

Васко Ковачевски, кој е директор на РЕК Битола, Ѓоко Ташев, кој ја извршува функцијата вд директор на ХЕЦ Тиквеш, Ѓорѓи Божиновски – в.д. директор на ХЕС Маврово, Златко Пиперковски – в.д. директор ХЕС Треска, Стево Попоски – в.д. директор на Енергетика Скопје, Ќерим Халили – директор на РЕК Осломеј, ќе треба да платат глоба од 150 евра на антикорупциската комисија.