Антикорупциска ќе ги проверува вработувањата во УЈП

Нема одговорност за Директорот на затворот Шутка, Ѓоко Котевски за вработувањето на неговата сопругата во Управата за вработување. Антикорупциска допрва ќе утврдува дали работната позиција на која е вработена Катерина Котевска била утврдена поради зголемен обем на работа. Антикорупционерите дополнително бараат одговори и од директорката на УЈП Сања Лукаревска за 36-те вработувања преку агенција за времени вработувања, но и Владата за спорните вработувања, за кои од Комисијата не исклучуваат можност тие да се партиски вработувања.

Според предметите на Антикорупциска, УЈП била најпримамлива за вработување на роднините и на актуелни пратеници. Истрагата на ДКСК, продолжува и за вработувањето во УЈП на Катерина Јакимовска, сестрата на пратеничката Тања Ковачева за чија работна позиција не е наведен степенот на образование, со што не се јасно наведени ниту критериумите при селекцијата.

Пратеничката си ги вработила и сопругот во АД Аеродроми, но не доставила извештај до Антикорупциска за неговото вработување, по што Комисијата поведе и прекршочна постапка. Одговорност за вработувањето на зетот за сестра на пратеничката Ковачев, ќе се бара и од директорот на Водовод . И за братот на пратеничката од СДСМ Анета Симевска, Жарко Симевски беше отворен случај кој во три наврати бил назначен за в.д директор на Здравствен дом во Македонски Брод.

Инаку Комисијата денеска експресно го затвори случајот за грчките фирми на министерот Дамјан Манчевски кој го отвори вчера, откако тој им доставил документи како демант.

Антикорупционерите утврдија непотизам и во четири случаи со поранешниот градоначалник на Лозово но поради застареност, овие случаи беа затворени.