Антикорупциска ќе го проверува имотот на поранешниот директорот на МЕПСО, Сашо Василевски

84

Државната комисија за спречување на корупција ќе ја проверува имотната состојба на разрешениот директор на МЕПСО, Сашо Василевски, откако во медиумите излегоа информации дека додека бил директор, Василевски купил стан во Скопје од над 100 квадратни метри.

Оваа информација беше објавена во медиумите паралелно со отворање на предметот „Рекет“, а притоа беше напоменато на блискоста на Василевски со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Комисијата на денешната седница соопшти дека ќе ја проверува имотната состојба на Коле Штерјов, претседател ма Советот на јавни обвинители, како и на Баким Алии, претседател на Основниот суд во Кичево.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.