Антикорупциска ќе отвара случаи за Заев

Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска во вечерашното гостување на Топ Тема најави дека утре ќе бидат отворени неколку нови случаи.

На утрешната седница ќе отвараме нови случаи по пријави, како случајот Глобал, „Едно евро за Вицето“, знаете дека ние работиме неселективно. Исто така утре ќе отвориме и случаи по пријави на граѓани. Седниците се отворени и јавни и секогаш ја известуваме јавноста, рече Ивановска од „жешкото столче“ на Топ Тема.

Според Ивановска тие имаат се поголем број на пријави од граѓани што укажува дека расте довербата во институцијата. Главна цел на новиот состав на Антикорупциската комисија е детектирање на слабостите на системот, додаде таа.

Нашата цел е да успееме да го подобриме системот, тој да функционира и сите да имаат еднакви права, а понатаму како ќе се одвиваат работите политичката одговорност е на политичарите, рече Ивановска.