Кривична од антикорупционерите за градоначалникот на Сарај за дивите платформи на Матка

Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, кривично да се гони поради непостапување по предметите за барањата за легализација на дивите платформи во кањонот Матка. Ова е препораката на Државната комисија за спречување корупција до Основното јавно обвинителство, откако во март годинава отвори предмет по овој случај бидејќи другите институции се прогласиле за ненадлежни.

По увидот на лице место и увидот  во  целокупната документација,  Комисијата утврдила дека градоначалникот Беџети имал законска обврска да ги одбие барањата за легализација на времените објекти, но наместо тоа тој овие предмети ги чувал во фиока.