Антикорупциска: Обвинувањата од Иванов се паушални

Државната комисија за спречување на корупцијата „со иднигнација и во целост” ги отфрла, како што се наведува, искажаните обвинувања и паушални наводи објавени од страна на поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорѓе Иванов кон претседателот на КомисијаТа Билјана Ивановска.

Во соопштението се наведува дека Државната комисија за спречување на корупцијата е колективно тело и сите одлуки ги носи на јавна седница со мнозинство гласови, така што целосно е неосновано искажаното сомневање за злоупотреба на нејзината функција.

Државната комисија за спречување на корупцијата на доставеното барањето од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов писмено ќе одговори, се посочува во соопштението.