Антикорупциска: Со месеци чекаме одговори од ОЈО за тендер на ДИК и ДУП-от кај Холидеј ИН

Антикорупциската комисија бара проактивност на институциите и побрзо решавање на иницијативите, барањата и препораките кои ги испраќа до нив. Претседателката на комисијата Билјана Ивановска на денешната прес конференција на која зборуваше за оценките на Европската комисија за ДКСК , истакна дека многу нивни предмети се заглавени во институцитте и дека со месеци чекаат одговори.

Обвинителството се уште не и одговорило на Антикорупциската комисија за иницијативите за кривична одговорност за лицата кои учествувале во донесувањето на Деталниот урбанистички план Ц08 за Холидеј ин, и за лицата од ДИК кои учествуале во тендерот за печатени материјали за гласање.

Антикорупциска чека одговор и од Уставниот суд за оценка на уставноста на законистоста на донесениот закон од јавен интерес со номинирање на стратешки партнер за доизградба на коридорите 8 и 10.

Претседателката Ивановска изјави дека сѐ уште чекаат одговори по иницијативите за разрешување на одговорни лица и промена на законската регулатива за ограничување на дискреционите права со што ќе се овоможи фер начини на вработување, како и промена на на начинот за избор на директори и членови на управни одбори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.