Антикорупциска вели нема правни пречки за смена на Арбен Зибери

Откако денеска министерот за здравство, Венко Филипче, објави дека ќе побара смена на директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, Антикорупциската комисија соопшти дека не постојат правни пречки за ваквиот потег. Зибери, кој е кандидат на ДУИ за пратеник во Првата изборна единица, на Фејсбук се пофали дека издејствувал Комисијата за заразни болести да предложи отворање на границите со цел да се вратат иселениците и при тоа да не важат протоколите на Светската здравствена организација за тие да гласаат на изборите за премиер Албанец.

„Ние како комисија не гледаме правни пречки за да се спроведе мислата на министерот, дотолку повеќе што во забраните во изборниот законик и во нашиот закон стои дека се забранува покренување постапка за престанок на работен однос. Тој ќе се промени од функцијата, но неговиот работен однос ќе си продолжи и понатаму како што си работел пред да биде директор. Законот вели дека е забрането започнување на постапка за вработување или за престанок на работен однос, значи за престанок на работен однос, а не за престанок на функција“, рече претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска во изјава за Канал 5.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.