Aнтитерористичка акција во Каталонија, има приведени

Каталонската полиција привела најмалку три лица осомничени за поврзаност со тероризам, кражби, трговија со наркотици и други кривични дела.

Во антитерористичката акција учествувале повеќе од сто агенти.

Според изјавата на портпаролот на полицијата, претресот е направен на пет локации во Барселона и околината.