Антиваксерска партија оствари успех на изборите во Австрија

Новата политичка партија којашто се противи на рестриктивните епидемиолошки мерки воведни во пандемијата на коронавирусот, неочекувано оствари успех во неделата на покраинските избори во Горна Австрија и влезе во парламентот со повеќе од 6 отсто од гласовите, покажуваат прелиминарните изборни резултати.

Партијата „Луѓе, слободи, темелни права“ (MFG), основана во февруари годинава како одговор на одлуката за воведување на мерките за сузбивање на епидемијата, водеше кампања за изборите во Горна Австрија главно преку социјалните мрежи.

Според прелиминарните резултати, покажала дека половината од невакцинираните кандидати гласале за крајно десната Слободарска партија на Австрија (FPÖ) која освоила повеќе од 15 отсто од гласовиет, а четвртина за MFG.

Изненадување во неделата приреди и Комунистичката партија на Австрија (KPO) чијашто кандидатка 59-годишната Елке Кахр по 18 години го смени од градоначалничката должност во вториот по големина австриски град Грац, Зигфрид Нагл од Австриската народна партија (OVP).

Активистите на MFG не веруваат во ефикасноста на вакцините против Covid-19 и се противата на секоја обврска за вакцинирање. Основачите на партијата подгинуваа тужби пред Врховниот суд за поништување на законот за кој оценија дека „ја убива слободата“.

Австрија постепено ги заострува важностите на здравствените пропусници кои ги воведе пролетва. Од октомври само вакцинираните лица и оние кои оздравеле од Covid-19 ќе можат да влезат на стадионите и во големите сали за приредни во главниот град Виена.

Австрија, каде што целосно се вакцинирани малку повеќе од 60 отсто од вкупното население и е една од најбогатите земји на светот, бавно напредува со имунизацијата. Овој застој конзервативецот канцелар Себастијан Курц го припишува на поддршката којашто FPO им ја дава на движењата кои се сомневаат во постоењето на коровариусто и веруваат во теориите на заговор.