Антивладини протести во Еквадор, повредени 67 полицајци (ВИДЕО)

Антивладини протести во Еквадор, повредени 67 полицајци
Антивладини протести во Еквадор, повредени 67 полицајци

При судир со демонстранти за време на антивладините протести кои се одржаа во неколку градови во Еквадор, повредени се неколку десетици полицајци, објави МИА.

Според властите, повредени се 67 полицајци, а уапсени се 47 демонстранти.

Најголемиот протест, на кој учествувале повеќе од 10.000 луѓе, се одржал во главниот град Кито
Најголемиот протест, на кој учествувале повеќе од 10.000 луѓе, се одржал во главниот град Кито

Најголемиот протест, на кој учествувале повеќе од 10.000 луѓе, се одржал во главниот град Кито. Демонстрантите ги нападнале безбедносните сили со стапови, камења и запаливи материи. Полицијата одговорила со солзавец.

Граѓаните на Еквадор не се задоволни од политиката на претседателот Рафаел Кореа и од намерата на Владата да го измени Уставот. Една од планираните измени би му дозволила на претседателот Кореа во 2017 година повторно, по четврти пат, да се кандидира за шеф на државата.