14.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Антонио Бандерас го победи коронавирусот

Коронавирус му бил дијагностициран на денот кога го славел својот 60 роденден.

Антонио Бандерас ја извести јавноста преку социјалните мрежи дека по три месеци е негативен на Ковид-19

Актерот напишал дека сочуствува со сите оние кои немале среќа како тој и што повеќе од него страдале заради новиот коронавирус кој во краток рок го парализирање светот.

Инаку, Бандерас на почетокот на оваа година во Мадрид започна да го снима Филмот „ Official Competition“ во кој му е партнерка Пенелопе Круз, но снимањето е запрено поради глобалната пандемија.

Актерот Антонио Бандерас објави дека немал никакви посериозни тегоби освен што бил поизморен од вообичаено.

Времето во изолација го поминал читајќи, пишувајќи и одморајќи се додека тестот не покажал дека е излекуван.