Антонио Конте е нов тренер на Интер

Шпекулациите дека Антонио Конте го превзема Интер од следната сезона добиваат нов момент, односно според италијанските медиуми, тој потпишал договор до 2023 година. Неговото претставување се очекува до крајот на месецот, кога ќе бидат познати и другите детали.

Претходно 49-годишниот стручњак го поврзуваа со Јувентус, како и со Рома, но тој сам изјави дека нема да ја превземе „волчицата“.

Последниот ангажман на Конте беше стратег на Челси со кој ја освои Премиер лигата и ФА купот, а оваа сезона беше без ангажман. Тој го предводеше и Јувентус со кој има три титули во Италија, како и еден куп-трофеј. Седел и на клупата на Ареко, Бари, Аталанта и Сиена, додека од 2014 до 2016 година беше и селектор на Италија.