Антонио Милошоски го очекува петтото дете

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој пред две години го доби четвртото дете, оваа пролет, здравје Боже, ќе стане татко на уште едно.

Милошоски и неговата сопруга Симона ќе станат побогати за уште едно детенце, потврдил пратеникот за Фактор.

Милошоски веста веќе ја споделил со своите блиски пријатели и колеги а покрај трите ќерки и единствениот син, очекуваат машко бебе.

Пратеникот не ја крие возбудата, а од бракот со Симона досега ги имаат ќерките Дариа (4), Михаела (2), Илина (1), како и поголемиот син Давид (12).