Антонов: Москва не стои зад провокаторите на протестите низ САД

Рускиот амбасадор во Вашингтон Антатоли Антонов денеска како неосновани ги оцени нападите врз Москва дека им помага на провокаторите во немирите во САД.

-Обвинети сме дека наводно стоиме зад оние кои ја дестабилизираат ситуацијата. Тоа е потполна глупост, рече рускиот дипломат, пренесе Тасс

Антонов нагласи дека Русија е „одлучна да има само прагматична соработка со САД“.