Антонов: Постојат сериозни проблеми во односите меѓу САД и Русија

Постојат сериозни проблеми во руско-американските односи, но Москва е подготвена да ги реши, изјави денеска рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов по заминувањето од Русија.

– Имаме многу сериозни проблеми. Подготвени сме на конструктивен дијалог, подготвени сме да се обидеме да ги решиме сите проблеми – истакна Антонов.

Тој нагласи дека планира да работи на примена на договорите, кои претседателите на двете земји ги постигнаа во текот на нивниот неодамнешен состанок.

– Задачата е едноставно да се работи и да се спроведуваат позитивните зборови кои ги изговорија претседателите – додаде рускиот амбасадор.

Според него, главна задача во руско-американските односи е обновување на дијалогот, но тие не можат да се нормализираат со воведување санкции.