Јанушев: 6.2 милиони евра државен тендер за финансиер на СДСМ, утре протест пред Регулаторна комисија

Дваесетина часа по протестот против поскапувањето на струјата на кој граѓаните побараа поевтина струја, професионализација на регулаторната комисија и оставка на партиските инсталации во комисијата на чело со претседателот Марко Беслимоски, има апсолутен молк од владата, Зоран Заев и неговите инсталации во Регулаторната комисија, реагира генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Тој потенцира дека власта на барањата на граѓаните одговара со таков молк е поради тоа што власта и мафијата на Заев пружаат отпор во однос на реакциите за покачување на цената на струјата од причина што имаат бизнис интерес од тоа.

-Вчера бизнисменот Силјан Мицески јавно кажа дека бил финансиер на СДСМ. Тоа никаде го нема во финансискиот извештај на СДСМ. Но затоа истиот ден кога тоа го кажа се појави овој документ.

Ова е Договор за коп на јаглен со РЕК Битола вреден 6 милиони и 250 илјади евра. Значи, финансиерот на СДСМ кој сам си кажува дека ги финансирал, а притоа никаде го нема тоа во извештајот на партијата, си добил работа од 6 милиони 250 илјади евра од РЕК Битола за ископ на јаглен.

Поскапувањето на струјата значи бизнис за СДСМ. Мафијата си продолжува со профит. Мафијата продолжува со бизниси.

Како што истакнува Јанушев, од тие причини, ВМР-ДПМНЕ ќе продолжи со протести, а следниот ќе биде утре пред Регулаторната комисија со почеток во 14 часот. Еден час со автомобили ќе ја блокираат раскрсницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија. Протестот ќе започне пред Палома Бјанка.

Како што истакнува Јанушев, овој протест е насочен кон владата и Мафијата затоа што поскапата струја значи посиромашен народ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.