Јанушев: Апасиев повторно не одговори колку е дебел ковертот што го зема од Струмица!

431

Се јави дежурното “кутре” на Заев. Само и сега не одговори дали и колку е дебело пликото кое го зема од Струмица за да го руши рушењето на Зоран Заев преку неединство во опозицијата, реагира преку својата Фејсбук страница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Добро е да се види како (демек само во негов уникатен стил) ги “вреѓа” медиумите кои не го “мазат” Заев, а во исто време се “лиже” и “коленичејќи” моли да гостува кај нив. Нема полошо… НЕМА… од лажни ликови, FB патриоти, квази политичари, лигуши…

Туку да прашам, како пликцето, стигна ли на време? Тешко на таа партија каде Заев е финансиер, а FB патриот глуми месија.

П.С. – мислам дека кафето претече, сега останува само да се нагостиш со струмичкото пликце, верувам дека според енергијата што ја вложуваш е прилично дебело!, пишува Јанушев во својата објава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.