9.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Јанушев: Битката продолжува, имаме незавршена работа

„ВМРО е мојот дом, половина живот го посветив на организацијата – 21 година сум член на партијата, од в.д. претседател на МК на УМС до генерален секретар, така и ќе остане.

Благодарност до сите со кои овие три години дишевме како едно.

Битката продолжува затоа што имаме незавршена работа. Ги повикувам сите на кои Македонија им е важна да се спротивстават на мафијата.

Претседателе членството е со вас, одиме до крај.

Се гледаме на протестите, улиците, се до конечна победа.

Да живее ВМРО, да е жива Македонија!“ напиша на Фејсбук Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.