Јанушев: Дали Заев се противи да нема амнестија за политичари, и политичари да не бидат амнестирани зошто сака уште една амнестија за неговите криминали

Секој ден се потврдува дека пречка за правдата во Македонија е токму Зоран Заев. Тој е човекот кој посакува уште една амнестија за сите криминали и рекети во оваа државата. Имаме премиер кој се плаши да му се испита потекло на имотот. Тоа е така зошто Заев е нечесен човек. Нема друг пример на премиер кој создава подлога за амнестирање и се плаши да му се испита потеклото на имотот. Стравот е последица на тоа што имаме премиер до гуша заглавен во криминал и корупција, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Фарсата со судењето во РЕКЕТ покажува дека главата на октоподот е сместена во зградата на Илинденска. Имаме признание на очевидец дека судии, обвинители и една министерка од владата на Заев биле гости во домот на еден од обвинетите откако случајот излезе во јавноста. Сега е и сосема јасна нервозата на власта зошто први сакаат да ги прочешлаат и обезбедат доказите од аферата Кеш за да ги покријат траговите кои одат до владата и нејзиниот прв човек, рече Јанушев и додаде:

„Поминаа два дена, ВМРО-ДПМНЕ бара директни одговори од Зоран Заев, без заобиколување:

Дали Заев се плаши и се противи на нашиот предлог да нема амнестија за политичари, и политичари да не бидат амнестирани затоа што тој самиот сака уште една амнестија бидејќи е фатен во тешки криминали?

Дали Заев не сака испитување на потекло на имот, кое ВМРО-ДПМНЕ го предлага, поради фактот што милионите на Заеви немаат оправдување за легалноста со која се стекнати?

И дали Заев со неприфаќањето на предлогот за истакнување на кандидат мандатар и јавно признава дека ќе изгуби на изборите, па не сака да се откаже од пратеничкиот имунитет?“.

Времето минува, подвлече тој, а молкот на Заев потврдува дека имаме премиер што заговара амнестија, се плаши од испитување на потекло на имот, и кој не се откажува од пратенички имунитет зошто така мисли дека нема да одговара пред законите.

-Се потврдува дека Заев е лично засегнат и ја држи во криминално заробеништво целата партија. Јавно го повикуваме, барем еднаш отворено и чесно да каже зошто не ги прифаќа барањата кои ВМРО ДПМНЕ ги предложи.