Јанушев до раководството на СДСМ: Нема да ви помогнат пактовите со криминалните подземја, ниту рекетираните пари кои ги спремате за поткуп, само ќе продолжете да тонете

Во отвореното писмо до граѓаните на Македонија и до медиумите генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, со порака до оние од другиот табор.

„И, сакам однапред да и кажам на оние од другиот табор дека ова не е времето како од 2016-та или 2017-та година, и дека сите црни пари собрани од рекети за овие избори нема да ви помогнат, ниту пак оние пактови со криминални подземја ќе ви  извлечат гласови. Нема да ви помогнат ниту оние претходно проверени и увежбани шеми на рекордни гласања, ниту пак оние параполициски сили кои влегуваа во предизборните молкови и договараа гласови, а нема да поминат бидејќи народот е свесен и неговата волја нема да ја украдете. Иако знам дека сето тоа го планирате, однапред да ви кажам нема да ви успее. Со ваква ваша активност само ќе продолжите да тонете … со таа разлика што овој пат нема да не повлечете со вас!

И немојте да му бидете верни во поразот на Заев, зошто тој ќе биде првиот кој нема да ви биде верен на вам кога ќе морате да одговарате за кршењето на законите.