Јанушев: Долг е списокот на рекетирани граѓани со чии пари браќата Заеви ќе купуваат гласови

После бомбата вчера, целиот македонски народ сфати дека е долг списокот на рекетирани граѓани од страна на браќата Заеви, пишува во фејсбук-пост генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, додавајќи дека очигледно е оти со тие пари ќе се купуваат гласови и ќе глумат хумани и загрижени богаташи кои донираат пакети со храна на сиромашните.

Јанушев смета дека луѓето не веруваат на лагите и манипулациите зад кои се кријат, а дека вчера јавноста слушнала кој давал инструкции за рекетирање.

„Што уште не знаеме за предметот „Рекет“? Колку вистина има во зборовите на Бојан Јовановски кои ги кажа завчера во судницата: „Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви. Дали конечно ќе се договорат и ќе кажат кој го пријавил случајот? Или мислат дека народот е слеп и не гледа какви договори паднале далеку од очите на јавноста? Откриени сте! Провидните лаги пукнаа како меур од сапуница, уште неполн месец остана до вашиот политички крај. Дали имате план што потоа? Свесни сте дека правдата ќе ве стигне, свесни сте и се плашите. Ги испуштивте конците од своите раце бидејќи игравте нечесно со народот. Но, народот таа игра скапо ќе ви ја наплати, сметката доаѓа на 15 јули“, пишува Јанушев.