Јанушев: Ќе обезбедиме плус 50 проценти на плата за сите здравствени работници

Денеска сме во посета на Штип, на последниот ден од кампањата, што туку завршивме со трибината со здравствени работници, односно со медицинскиот персонал, ни се придружија и огромна благодарност со проф. д-р Сашко Кедев и доцент доктор Игор Николов, рече Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Разговаравме овде со медицинскиот персонал кои се пред се проблемите со кои се соочуваат последните неколку години, но и  секако да им ја претставиме докторите и медицинскиот персона што е она што новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ планира да го направи во здравството и целиот здравствен систем, која ќе биде визијата, како ќе се движи развојот и да кажам трансформацијата во здравството. Она што можам да го видам е идентично, како буквално секаде низ државата како буквално секој еден граѓанин што се соочува кога имаме прилика да разговараме впрочем лекарите ја даваат поддршката со она што следи со обновата за здравството. Она што имам да го порачам на штипјани, она што имам да го порачам на сите граѓани од Република Македонија, луѓе кренете ги главите исправете ја кичмата, буквално ставете ги насмевките на  вашите лица бидејќи доаѓаат најдобрите 4 години во историјата на државата – рече Јанушев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.