Носителот на листа на изборна единица 3 и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска е во посета на општина Македонска Каменица.
Јанушев го посети и пазарот во Македонска Каменица каде што подели промотивен материјал и разговараше за проблемите на граѓаните со кои што се соочуваат изминатите три години како и негрижата на актуелната власт и лошата состојба во земјоделието.
Јанушев оствари средба и со младите во Македонска Каменица каде што ги презентираше мерките од Проектот Обнова на Македонија.
Тој истакна дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди нови работни места за младите, повисоки плати, финансиска поддршка на компаниите за вработување на млади лица до 29 години, загарантирана работа за 500-те најдобри студенти од државните универзитети и многу други проекти кои ќе значат решавање на проблемите на младите и градење на својата иднина во Република Македонија.
Го посетив пазарот во Македонска Каменица, поделивме промотивен материјал и разговараме со граѓаните. Потоа се сретнав со младите и пензионерите за да размениме мислења во врска со проблемите што сите заеднички нѐ мачат. Им ја презентирав програмата и сите заедно се сложивме дека обнова е неопходна.
Обнова и ќе се случи. На 15 јули доаѓа нова ера за Македонија, пишува Јанушев на својот официјален фејсбук профил.