Јанушев: Хајката на СДСМ не го менува фактот дека во власта седат криминалци

Не ви се плашиме, апсете, тоа нема да го смени фактот дека сте криминалци збогатени на грбот на народот и дека ќе паднете, објави во петокот генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, и предупредува дека властa најавува апсење на челникот на македонската опозиција, што според него покажува нестравот во владејачката СДСМ.

„Колку многу криминално-рекетарската власт е во паника покажуваат нивните ’ишерети’, најави и пораки дека ќе го апселе лидерот на опозицијата за поседување на документи и записници од Рекет.

Сето тоа дополнето преку владините мегафони, колку страшно кривично дело било тоа.

А, да не зборуваме за листот, туку да зборуваме за шумата која гори?

Ајде да зборуваме за лицата од власта кои се во записниците и се вклучени во Рекет. Зошто толку им е страв и колената им се тресат од Рекет 2, Рекет 3 и Рекет 4? Затоа ли Заев се бореше да има контрола во ЈО?

И, да, не ви се плашиме, апсете, тоа нема да го смени фактот дека сте криминалци збогатени на грбот на народот и дека ќе паднете.

За на крај, вредно да се констатира, учесник на лидерската средба посведочи дека Заев најавил дека Катица Јанева ќе одела во домашен притвор. Вредно е јавноста да се позанимава од каде еден премиер знае каква одлука ќе донесе судот за притворот на Катица осомничена за Рекет од 8 милиони евра?“ прашува Јанушев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.