13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Јанушев: Изјавата на Пендаровски дека „Рекет” ќе нѐ чини недобивање датум за преговори со ЕУ е само алиби

Слушајќи го вчера Пендаровски на неговата прва прес-конференција не можев, а да не си поставам неколку прашања, кои еве ќе ги споделам со Македонската јавност, пишува на Фејсбук, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

1. На кои политичари од опозицијата мисли? Ова од причина што во објавените материјали не видовме, слушнавме или прочитавме дека некој опозициски политичар е било како замешан. Да не бидам погрешно разбран, доколку има било каква вмешаност од било, вклучително и опозиционер треба да одговара! Ама да спомнуваш опозиција кога знаеш дека само твоите се криви и фатени in flagranti некако глупо делува.

2. Кои се тие ингеренции кој ги има и ќе ги искористи за никој да не влијае на истрагата? А да, и како ќе го направи тоа? Или пак не си ги знае ингеренциите!?

3. Со тоа што кажува дека е време да покажеме на меѓународната заедница дека системот треба да профункционира всушност потврдува дека ништо не функционира. А да, и нели мисли дека поважно е да покажеме на граѓаните на Република Македонија? Ако веќе не функционира системот, тогаш кој е виновен за тоа? Ќе потсетам дека извршната, законодавната и неформално судската власт се под ингеренции на партијата која го предложи Пендаровски.

4. Не ви се чини дека со тоа што кажува дека аферата “Рекет” скапо ќе не чини за добивање на датум за преговори со ЕУ е само алиби и веќе знаат дека датум нема да има ни во Октомври? Или датум добивме лани? Нели? Се сеќава некој како беше?

5. Им замери на обвинителите дека се на одмор! Пази мајката, па на одмор се веќе втора недела, што не излезе да им замери првиот ден кога отидоа, а не сега кога веќе и медиумски се објави дека Катица се вратила, а Вилма за некој ден си иде?

Во Велес викаме еден асален да се немало!, додава Јанушев.