Јанушев: Извесно е дека ВМРО-ДПМНЕ е победник на изборите, но сепак здравјето на граѓаните е најважно

Иако е извесно дека ВМРО-ДПМНЕ е победник на наредните парламентарни избори, кога и да се одржат тие, сепак, здравјето на граѓаните е најважно и тоа никако не смее да биде во втор план, истакна меѓу другото во текот на линковското вклучување во програмата Телевизија 24 линковски, генералниот секретар на најголемата опозициска партија, Игор Јанушев

Во однос на утрешната  лидерската средба на која утре треба да се случи кај претседателот на државата Стево Пендаровски, псочи дека во моментов најважен проблем во државата е борбата со коронавирусот кој покажал дека не е „наивен“ и дека мора да се има професионален пристап кон неговото решавање.

Јанушев, исто така, додаде дека иако Владата не се вклучува во решавање на проблемот со пандемијата предизвикана од короанвирусот, сепак ВМРО-ДПМНЕ како политички субјект ќе се вклучи активно во решавање на овој проблем.

Комисијата за заразни болести во неколку наврати потенцираше дека во Република Македонија сеуште владее пандемија која ниту малку не е за потценување и поради која треба сите мерки да се почитуваат и во наредниот период. Изборите не се најважното нешто во моментов, иако кога и тие да се случат ВМРО-ДПМНЕ е спремно да се соочи со политичките опоненти, вели Јанушев.

Истакна и дека иако сите политички партии се подготвени за одржување на изборите и нивните политички програми главно се спремни да се соочат, сепак, како што оцени,  „неодговорно“ би било доколку здравјето на народот биде во втор план, а изборите во прв.

„Датумот за одржување на изборите не може да се каже од ракав, па потоа повторно  да се промени. Поради тоа мора да се согледаат сите индикатори и согласно истите да се одреди датум за избори“, вели Јанушев алудирајќи на датумот 14-ти јуни кој во викендов го истакна владејачката СДСМ.

Јанушев кој се осврна на главните проблеми со кои се соочува Република Македонија, односно здравствената, а потоа и економската криза.

Јанушев, исто така, потенцираше дека СДСМ не смее да врши притисок врз институциите, ниту, пакм тие институции да лажираат податоци со цел лажно претставување на ситуацијата пред граѓаните. Констатираше дека е повеќе од јасно дека земјата сѐ уште се бори со коронавирусот и тоа е во моментов најважната битка, бидејќи секојдневно се изложени на ризик илјадници животи на здравствените работници.

„СДСМ дрско и нечовечки сака да организира избори иако се свесни дека со тоа на ризик ќе бидат изложени илјадници животи, односно животите на луѓето кои ќе бидат во избирачките места, но и гласачите. Мора да се донесе вистинска одлука за организирање на изборите без притоа да бидат изложени на ризик граѓаните”, вели Јанушев.

Иако сме сведоци дека СДСМ никогаш не се грижело за граѓаните, констатираше Јанушев, овојпат станува збор за човечки животи и ги повикува на трезвено размислување и донесување одлуки кои нема да бидат на штета на граѓаните.