Јанушев: Компанија за која има кривична пријава кај Русковска, добила помош од владата на Заев

Компанија којашто во ист ден оди во стечај и први реорганизација со која ѝ е отпишан повеќемилионски долг во евра, е во центарот на новиот финансиски скандал на власта, обвини во вторникот Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

Јанушев предупредува во својата објава на социјалните мрежи дека станува збор за нова криминална афера на повидок,  откако во текот на минатата 2018 година компанијата „ТЕ-ТО“ е прва на листата според остварена добивка со 120 милиони евра, но истата година како најпрофитна компанија во државава оди во стечај. Имено, во јуни 2018, во еден ден од судот е прогласен стечај, но и донесен план за реорганизација на компанијата со кој е отпишан долгот од 28 милиони евра кон “Топлификација”.

Причината за стечај, одобрена од судот, е дека струјата ја продавала по неповолно ниска цена и тоа на компанијата ЕДС, која во моментот кога се правеле трансакциите била во сопственост на Кочо Анѓушев.

И покрај тоа што станувало збор “во најмала рака” за проблематичен и крајно сомнителен стечај, криминално-рекетарската банда на власт на чело со Зоран Заев одлучила да потпише одлука со која ќе додели државна помош за компанијата ТЕ-ТО со опростување на данокот на добивка кон УЈП, кој заедно со аконтациите изнесува преку 20 милиони евра. И сѐ ова се прави иако уште во тој временски период има поднесено кривична пријава, а истата завршува, погодувате, кај Вилма Русковска!, напиша Јанушев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.