Јанушев: На 15-ти јули народот доаѓа по своето, на Заев и Николовски ќе им се случи потоп

Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и Носител на изборната единица 3 денеска оствари средба со граѓаните на Истибања каде укажа дека ВМРО-ДПМНЕ овдека секогаш ја добивало најголемата поддршка од овдека почнувајќи од Унијата на млади сили, Унијата на жени, основачите и ветераните на партијата.

Во овие три и пол години живееме во една агонија, во еден грч, во едно зловреме каде што сите нас не натераа да ја свиткаме кичмата и да ја наведнеме главата. Истибања е пример зошто и кога било најтешко сте покажувале како се сака државата, сте ни давале мотив да продолжиме со борбата, да истраеме и еве после три години кога многу малу веруваа дека можеме да бидеме фаворити во изборите не очекува и претстои една голема победа  пред се за Република Македонија, кажа Јанушев.

Носителот на изборната единица при своето обраќање рече дека СДСМ и Заев се најголемото зло, најголемиот вирус кој што ја има зафатено државата и сега на 15 јули е времето кога треба да се збрише тој вирус. Тој рече дека треба сите граѓани заедно да кажат доста е на сите омаловажувања што ги направија и да се  врати државата кај народот.

Она на што ја темелиме нашата држава, она што е содржано во оние 36о страници исполнети со 1000 проекти се обврзуваме пред секој еден од вас дека ќе го исполниме. Ние не сме СДСМ, истите лаги кои што ги слушавте во 2016 ви ги повторуваат и денеска. Тогаш ветуваа 30 000 денари плата, сега ветуваат  34 000. Нека кажат еден единствен проект, една единствена мерка што ја имаат направено сами. Нешто што го смислиле, го финансирале и еве дека не го направиле, барем што почнале да го прават. Не постои такво нешто, не во Истибањи, не во Виница, не во изборна единица 3, не во цела Република Македонија. Тие се најнеспособни. Викаат дека можат, но можеа. Можеа да не крадат, можеа да не лажат, можеа да не ги распродадат државните и националните интереси“, нагласи Јанушев.

Јанушев додаде дека оваа власт единствено нанесе лошо на државата како што не е нанесено никогаш досега. И токму поради тоа граѓаните ќе ги казнат на 15-ти јули.

„На 15-ти јули народот доаѓа по своето, а кога народот доаѓа по своето на СДСМ, Заев и Николовски ќе им се случи потоп“, потенцира Јанушев.

Јанушев потсети дека пред една година ВМРО-ДПМНЕ излезе јавно и побара да се донесе Закон за потекло на имот на политичари. Но СДСМ побегна од тоа. А, побегнаа бидејќи се што украдоа ќе треба да вратат, за се што излажаа ќе треба да одговараат.

„Но по формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се донесе тој Закон и секој еден од нив почнувајќи од Зоран Заев, Љупчо Николовски, Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска  сите до еден ќе одговараат. Не за една година, не за три години туку во првите 6 месеци, тоа ви го ветуваме“, истакна Јанушев.

Јанушев за крај на граѓаните порача дека по 15-ти јули владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе работи напорно за доброто на граѓани и за Република Македонија. Време е да се врати достоинството на Македонецот и Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.