Јанушев: Навредувачко е наведувањето дека некој друг не команда и контролира!

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во денешното гостување на Утрински брифинг, порача дека неговата партија никогаш не се стреми да биде политичка елита, додавајќи дека се грешни констатациите дека некој друг командува со опозицијата.

 „Постои само една политичка елита во Македонија, а тоа е СДСМ. ВМРО нема политичка елита и се што правиме, го правиме со чесни намери. Пред две години, кога ова раководство дојде на чело на ВМРО-ДПМНЕ, па до пред извесно време, условно бевме под „контрола“ на некој друг. Сега се гледа апсолутно не е така. Ние сме возрасни луѓе, свои луѓе, кои имаат прилика да направат многу во иднината. Наведувањето дека некој друг не команда и контролира е навредувачко“, истакна Јанушев.