Нека одговори Заев или нека покаже каде прочитал дека СЗО вели дека новиот бран на корона ќе биде август или септември?, прашува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Тој во статусот објавен на Фејсбук истакнува дека за две недели има 335 заболени, а пред две недели активни случаи 373, денес се 447 или околу 20 отсто повеќе. И за таквата ситуација велат дека е под контрола?!
„Едно е што мисли власта, а друго е што говорат бројките. Ние немаме успешно справување со кризата кога сме рекордери во регионот по починати лица на милион жители.
Додека Заев упорно нѐ убедува како изборите во јуни ќе бидат безбедни, без притоа да одговори како ќе успеат да гласаат граѓаните на своите избирачки места, Венко повикува народот да не ги прекршува мерките бидејќи здравствените работници не можат сами.
И да, Венко барем еднаш е во право, здравствените работници не можат сами, затоа што владата не го сфати сериозно ризикот, додека целиот свет апелираше, а Венко не обезбеди навремено опрема за заштита на истите. Но, затоа Венко обезбеди
две лиценци за одгледување марихуана на фирми во кои менаџмент и сопственици се синот на осуденикот за шверц и другар на Заеви при прогласена вонредна состојба во Република Македонија.
За Заев и СДСМ воопшто не е приоритет здравјето на граѓаните, туку приоритет се фотељите и сопствената кожа“, истакнува Јанушев.