Јанушев: Очекувам извинување од Арсовска за хистеричните изјави, ЈСП го оставив финансиски стабилно

Гледам и слушам последниве денови дека (ш)пицнава градоначалничка Danela Arsovska од некои само за неа познати причини решила да зборува за мене и да ме напаѓа. Во ред, легитимно е тоа и немам ништо против, слободно нека продолжи жената, но за волја на вистината морам да и укажам на некои факти кои очигледно и се непознати, а впрочем и од каде би и биле, порачува Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ, поранешен директор на ЈСП.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

Директор на ЈСП Скопје бев речиси 3 години, на фукцијата стапив во Февруари 2015 година, а бев сменет во Ноември 2017 година. Така да, ниту сум бил, ниту сум можел да бидам директор на Мицкоски.

Во овој речиси 3 годишен период, финансиските проблеми беа огромен предизвик, но исто така станаа мисловна именка затоа што се работеше! Оставив во наследство модерно и финансиски стабилно јавно претпријатие, што успеавте да го уништите!

Ајде да ги видиме бројките:

  • Добивка 2014 – 7.136.000 денари
  • Добивка 2015 – 72.980.000 денари
  • Добивка 2016 – 65.260.000 денари

Обврските за плаќање во Февруари 2015 изнесуваа 174.477.000 денари, а во Ноември 2017 – 96.518.000 денари.

Долгот за ДДВ во Февруари 2015 изнесуваше 90.422.000 денари, а во Ноември 2017 – 13.491.000 денари.

А, покрај тоа во овие речиси 3 години:

– се воведе АВЛ систем (Автоматска локација на возила),

– се воведе електронска наплата,

– се реорганизира Диспечерскиот центар во Оперативно-Контролен центар (преку кој во живо се следат сите возила кои учествуваат во јавниот градски превоз),

– се пушти во употреба официјалната android/iOS апликација „JSP – On The Go“,

– се воведе Интегриран тарифен систем,

– се прошири продажната мрежа, од 50 на над 250 продажни места,

– се постави лифт на „Милениумскиот крст“ на Водно.

Значи, ако се сака, и нормално, ако се знае како, може и финансиски да се консолидира претпријатието и истовремено да се инвестира и модернизира.

Јавно ја прашувам Danela Arsovska кои се финансисите резултати од оваа година и дали можат на било кој начин да се споредат со најлошата година која јас сум ја имал во ЈСП? Или еве за полесно да и биде, нека ги погледне и претходните 20-30 години од работењето на ЈСП.

Градоначалничке Danela Arsovska не е убаво да се расфрлате со паушални и хистерични изјави и да напаѓате без било каков основ, само ја губите и таа минимална поддршка која ја имате, ако воопшто останала таква. Засукајте ги ракавите и земете нешто да сработите, им го должите тоа на граѓаните. И мислете уште од сега како ќе обезбедите средства за плата за овој месец за вработените во ЈСП, тоа е многу поважно него да се занимавате со мене.

Искрено ви посакувам во овие 3 години што ви остануваат од мандатот да имате дупло подобри резултати од тие што јас ги постигнав во ЈСП Скопје.

А, да – во мое време во ЈСП се земаше плата до 5-ти во месецот и немаше ниту еден штрајк.

П.С. – бидејќи не знаете како, прашајте, не е срамота да се побара помош.

П.П.С. – очекувам јавно извинување за клеветите и навредите кон мене … да не мора да одиме по судови.