Јанушев: Од насилнички донесениот закон за ЈО, единствена корист има Заев и СДСМ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев гостуваше на емисија на ТВ Тера каде што посочи дека законот за јавно обвинителство како и се друго во државата, во последните три години е изгласан на криминално насилнички начин. Дури и процедурата не беше запазена, со тоа де факто законот не е донесен. Иако од власта се обидуваат пред јавноста да го прикажат сето ова на победнички начин. Дури власта организираше т.н. „Марш за правда“ и тоа сами на себе.

Оваа влада е буквално најнеуспешната влада во историјата на Република Македонија. Заев и неговата криминално рекетарска банда на власт се синоним на неуспех. Доколку ставите знак за равенство од едната страна да е Заев, а од другата страна е неуспехот и тој е тоа во буквално во секое поле. Дали беше марш, дали беше прослава, јас мислам дека повеќе од се и пред се беше фијаско, истакна Јанушев.

Јанушев додаде дека предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за законот за ЈО СДСМ не ги прифати бидејќи на 12-ти април им следи повторно ново фијаско, катастрофален пораз на предвремените парламентарни избори. И поради тоа на овој начин власта се обидува да се амнестираат од сите криминали кои што ги направиле.

Претпоставувам дека се запознаени граѓаните кои беа разликите за законот за ЈО, но еве дозволете вака ќе се обидам на народски начин така речено да објаснам. Значи во моментов во ЈО имаме оддел за гонење на криминал и корупција, тие предлагаа да се формира нов оддел, ново одделение за гонење на висок криминал и корупција. Значи единствената разлика во именувањето на овие две одделни оддели односно одделенија, при што ова новото високото условно да го кажеме требаше да се вдоми целото она крајно корумпирано, компромитирано, рекетарско СЈО. Без притоа да се почитуваат сите останати начела за како некој се вработува во државно обвинителство, значи во државна институција, едно од најбитните ЈО, и со буџет и плати неколкукратно повисоки односно со финансиска независност како тоа што го имаше во СЈО. Тоа за нас беше недозволиво, неприфатливо, но и за сите граѓани во Република Македонија, појасни Јанушев.

Јанушев образложи дека со такви закони што власта ги донесе на криминален начин во Македонија нема да завладее правда. Со законот за ЈО , Заев и СДСМ предложија сите оние материјали снимени да не се користат како докази и да не бидат индиции за водење на истраги односно преземање на истражни дејствија.

Власта на СДСМ единствено што прават е да лажат и да ги манипулираат граѓаните. Но тоа народот го гледа и ќе ги казни на изборите. Законот за ЈО е неминовно да падне на Уставен суд, но еве додека се случи за тоа, доколку се отвори истрага за него, а мор а да се отвори за целиот криминал кој што е направен, кој ќе го води тоа? Ќе го водат обвинителите во неговото обвинителство за висока корупција и криминал. Кој ќе постапува? Ќе постапуваат тие кои што ги ставил внатре. Доколку излезат, а гледаме секојдневно излегуваат нови материјали, тие нема да можат да се користат, ниту како докази, ниту како индиции. Кој добива од сето тоа Зоран Заев и неговата криминално рекетарска банда, никој друг, нагласи Јанушев.

Јанушев рече дека со новото законско решение за ЈО на СДСМ за бомбата на Милошоски не може ниту истрага да се поведе.