Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 3 на гостувањето на емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма се осврна на програмата „Проект Обнова“. Јанушев стави акцент и на мерките за младите.
На дебатата, Јанушев ги претстави проектите за младите во државава.
„Планираме 50 илјади вработувања што ќе придонесе да останат младите во Македонија, потоа укинување на давачки за вработување на млади до 29 години. Исто така предвидуваме и, префрлување од приватна во државна квота за студентите кои оствариле просечен успех на 8,5, со тоа средствата кои треба да ги плати семејството ќе останат во домашниот Буџет, пет проценти пак од најдобрите студенти ќе го продолжат своето образование на постдипломски студии на државен трошок, а три проценти од најдобрите магистранти ќе продолжат на докторски студии на државен трошок“, рече Јанушев.
Јанушев укажа дека во изминатиот период, владата предводена од СДСМ не направи ништо за младите или она што го направи е само да си заминат од државава.
„СДСМ правеше само театар, а ништо за да ги вратат младите тука. За три години колку што се на власт ништо не е направено младите да се вратат во државава“, рече Јанушев.