„И на тоа му доаѓа крајот на 15 јули. Победува обновата, на 15 јули конечно формираме влада, ВМРО -ДПМНЕ ќе биде предводник на таа влада, ќе го донесеме законот за проверка на имот на политичарите, а кога ќе го донесеме тој закон ќе видиме дали и кој ќе остане на политичката сцена во Република Македониј“, додаде Јанушев.
„Она што денеска младите го порачаа во Кочани она што го порачуваат буквално насекаде во Македонија е дека на младите им треба надеж за подобра иднина, им треба обнова на Македонија. На целиот македонски народ им треба да се врати достоинството, треба ние Македонците да се чувствуваме како граѓани од прв ред, да бидеме горди што сме Македонци тоа и ќе го направиме. Тоа е една од целите на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ“, заклучи Јанушев.