Јанушев: СДСМ роковите за избори ги вади од ракав

Роковите за одржувње на предвремените парламентарни избори во екот на пандемијата од коронавирусот, владејачката СДСМ ги вади од ракав. Не може да има избори спротивно на закон и на грбот на граѓаните на здравјето и животот, рече во четвртоко генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушевм, во текот на дуелот со Мухамет Зекири, потпретседателот на СДСМ, вечерва во Телевизија 24, а во врска со потенцијалниот датум за избори.

„Зекири се повикува на законите, но уредбата којашто е донесена од оваа влада иако ние укажавме дека оваа уредба не треба да се носи поради тоа што ќе донесе повеќе комликации, но вие не не послушавте, и тоа сега се докажува“, рече Јанушев во репликата на Зекири.

„СДСМ нема отстапено од своите позиции, ние сакаме да постигнеме договор, за тоа време има до сабота. Ако се укине вонредната состојба ние треба да го почитуваме законот и уставот односно уредбата која што кажува дека треба да се одмрзнат роковите и ќе треба да почнат да течат 22 дена. Има канал за комуникација меѓу двете партии и се надеваме и посакуваме да постигнеме заеднички датум и да настапиме на избори. Рокот постои дај да одиме на избори“, тврдеше претходно Зекири.

Јанушев објасни дека од СДСМ велат дека се замрзнати роковите, но тие не се замрзнати во Член 3 од Уредбата е наведено дека со денот на стапување во сила на оваа уредба се прекинуваат изборните дејствија, значи дејствија и рок се различни работи, и меѓу другото во истата е наведено дека ДИК е задолжена во рок од еден ден по престанокот на вонредната состојба да објави на нејзината страница Роковник за продолжување на изборните дејствија, ниту се спомнуваат рокови.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека СДСМ роковите ги „вади од ракав“,  појаснувајќи му на соговорникот дека Државната изборна комисија не може да прави Роковник кога нема определен датум за избори, Според Јанушев, единствен кој има право да определи датум за избори е претседателот на собранието, затоа што во Изборниот законик истото е дефинирано.

„Во однос на тоа кој колку е спремен за избори, вие само слободно продолжете со поткупот, продолжете со брашно и зејтин ќе ве поразиме така силно што нема да знаете каде да се свртите. Избори спротивно на законот и на грбот на граѓаните на здравјето и животот не е опција“, посочи Јанушев.