Јанушев: СДСМ сака да ги прекрши законите, крајот на август е прифатлив термин за избори

43

Дефинитивно роковите продолжуват да течат во оној момент кога ќе престане вонредната состојба. Со уредбата која ја донесе владата се стопираа изборните дејствија. Се она што е останато како незавршено дејствие мора да продолжи. Прочистување на избирачкиот список, избор на избирачките одбори и мора да се утврди со нов акт или измена на постоечкиот акт денот на изборите. Од ДИК не зависат роковите. Тие се одредени со закон. На првата лидерска средба се побара од ДИК да се произнесе што треба од нив да се очекува. Од ДИК наведуваат и кои изборни дејствија со рокови треба да се преземат и спроведат, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Според Јанушев никој не го поддржува ставот на Заев за избори на крајот на јуни.

-Минималниот рок по утврдувањето на датумот за изборите е 35 дена, додека максималниот е 50 дена. Од друга страна мислењето на ДИК е дека невозможно е да се организира гласањето во преостанатиот рок од 22 дена. Сите рокови се дефинирани со изборниот законик. Значи СДСМ сака да ги прекрши законите и да оди на изборите. Буквално се што е во насока на примена на законите ние немаме никаков проблем. Она што го видовме на лидерската е дека никој не го поддржа ставот на Заев за крајот на јуни. Одредувањето на датум треба да биде со консензус помеѓу политичките партии и кога ќе се дефинира тој датум, претседателот на Собранието треба да донесе или ново решение или измена на веќе постоечкото решение каде што ќе го определи тој датум. Друг начин не постои, рече Јанушев , коментирајќи го ставот на универзитетскиот професот, д-р Шкариќ дека изборните дејствија треба да продолжат онаму каде што застанале во истата секунда по укинувањето на вонредната состојба.

Крајот на авуст за ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив термин за избори.

-Ова што досега е направено е врз основа на тоа дека изборите ќе бидат на 12 април. Ние политичките партии мора да имаме ново решение каде што ќе се определи новиот датум. Во изборниот законик пишува дека актот за распишување на изборите го донесува претседателот на Собранието и со него се определува денот од кој што почнуваат да течат роковите за извршување на изборните дејствија и што е најбитно денот на одржувањето на изборите. Значи ние мора да го дефинираме денот кога ќе се одржат изборите и тоа го прави исклучиво претседателот на Собранието. Кога се носеше оваа уредба разбравме неколку минути пред да започне седницата на владата. Ние алармиравме дека со ваков текст може да се донесат политички проблеми. Апелиравме да не се носи веднаш. Но, тоа е завршена работа, вели Јанушев.

Треба да се влијае во насока на намалување на бројот на заболени од Ковид-19.

-Првата вонредна состојба имавме просек од пет заболени на ден. Втората имавме 36-37 заболени на ден. Третата вонредна состојба кога се прогласи имавме нешто помалку од 30 на ден. Последниве неколку дена бројките се движат околу 30. Не ви вели логиката дека здравствените власти и властите во државата не преземаат доволно во однос на тоа за да се намали бројот на заразени? Бројките го кажуваат тоа.

Ако си седнал да се договориш со консензус да донесеш одлука, ако имаш чинители од кои само ти форсираш решение, а сите заедно се против тоа, прашањето е зошто одат со главата во ѕид? Одговорот е затоа што политичките математики им се дека ќе изгубат со помалку и тоа им е единствената сламка за спас, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.