Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на неговата официјална Фејсбук страница сподели статус во кој напиша дека дојде време СДСМ да се фалат со рушење и да се радуваат на спроведување закони, што значи дека тие се во криминал до гуша.
„Главна вест во време на ВМРО беа отворање на фабрики, нови автопатишта, проекти, “Компјутер за секое дете” кој СДСМ го укина за сега да се покаже дека има недостаток во образовниот систем за онлајн учење.
И додека првата заложба на ВМРО-ДПМНЕ би била економија која ќе донесе стабилност на граѓаните, СДСМ се пофали со рушење.
Дојде време да се радуваат за спроведување на закони, тоа не значи ништо друго освен дека се во криминал до гуша.
Се поставува прашањето: Како изникна градбата? Кој кому ветил дека сѐ ќе биде во ред и дека може да се гради? Многу неодговорени прашања…
Тоа е таа огромна разлика, но затоа и нема да имаат целосен четиригодишен мандат“, стои во Фејсбук статусот на Игор Јанушев.