Јанушев: Се смееме додека Бугарија негира се што е македонско

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев вели дека не може да седне и да се разговара со соговорник, да се гледа тоа што му пречело на соговорникот, а тој да вели дека ние не сме тоа што сме.

– Бугарија негира се што е македонско, а ние тука глумиме лудило. Не може да се преќути на многу работи. Тие секојдневно не ништат и множат со нула, а ние се смееме. Кога ќе видиме од другата страна дека навистина има намера во духот на добрососедството, тогаш може да разговараме со Бугарија – изјави Јанушев за отвореното студио на ТВ 24.

Јанушев го нарече Заев патолошки лажго, на кој никој не му верува.

– Кој му даде нему легимитет да зборува за ова? Се колнеше во се, па негираше на неколку месеци пред изборите и наеднаш прави сосема спротивно? – рече Јанушев.

Тој рече дека не треба да трпиме некој да не напаѓа и дека не смее за тоа да се разговара зошто сме македонци со свој јазик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.