Јанушев: Секој ќе си срка тоа што си дробел

“Пукна” нова серија од мега-аферата “Рекет”!

Во второто продолжение во главните улоги министерот Филипче и директорот Дончев!

Кривичната пријава, поткрепена со документација и со писмена евиденција во која се допишуваат министерот, странскиот инвеститор и шведскиот амбасадор, јасно упатува на намерата на Дончев и Филипче да се спречи странска инвестиција во Република Македонија, со цел остварување имотна корист преку злоупотреба на нивните функции – ова е тоа што го пренесоа медиумите.

Но, дали “Рекет 2” завршува тука? Дали ова е само почеток на нешто многу поголемо? Дали има замешаност на останатите членови на криминално-рекетарската власт на чело со Заев???

Во “чаршиските кулоари” се “шушка” за многу поголема игра!

Дел од медиумите наведоа дека одговор на сите овие прашање ќе треба да даде Јавното обвинителство. Јас, а и најголем дел од Македонската јавност не веруваме дека Русковска обвинителството ќе мрдне “со мал прст”! За очекување е да видиме повторен обид за прикривање на криминалот како во “Рекет 1”!

Но, да повториме “секој ќе си срка тоа што си дробел”! Месеци се во прашање! 😉

П.С. – ОК на ВМРО-ДПМНЕ Шуто Оризари за помалку од 2 години постоење прераснува во лидер на Ромскиот народ во Република Македонија! 💪

#КриминалноРекетарскаВлада
#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори

Напиша на Фејсбук, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.