Јанушев: Што се движи на подобро кога бројот на заболени во држава не опаѓа туку напротив расте

Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев вели дека состојбата во Македонија со пандемијата воошпшто не се подобрува како што сакаат да прикажат од СДСМ туку напротив се влошува.

„Првата вонредна состојба кога се прогласи имавме ако не се лажам просек на 6 заболени на ден, втората вонредна состојба кога се прогласи имавме негде околу 36 – 37 заболени на ден, третата вонредна состојба кога се прогласи имавме ако не се лажам некаде помалце од 30 заболени на ден. Последниве неколку дена бројките се движат околу 30. Може да ми кажате што е тоа што се движи на подобро во однос на здравствената состојба кога бројот на заболени во нашата држава не опаѓа туку напротив расте“, потенцира Јанушев.

Додава дека логиката и бројките кажуваат дека властите не превзедмаат доволно мерки во однос на тоа да се намали бројот на заболени односно заразени.