Јанушев: Собир во „Јане Сандански“, Обновата доаѓа, вредности и визии!

„Уште 17 дена Зоран Заев е премиер, и никогаш повеќе. Завршува тажна и мачна епизода која ја преживува Република Македонија, од која мораме да извлечеме поуки и да станеме посилни“, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил пред саботниот собир во скопската населба Аеродром, односно во спортската сала „Јане Сандански“.

Истљакнувајќи тоа што го констатира е заклучок од „Разговорите за Обнова на Македонија”, акција преку која се поминало низ секој град во земјава, дискутирајќи за проблемите и притоа се барани решенија. Тој исткана дека овој напатен народ не е прашан, ниту слушнат од Власта, а проблеми има премногу.

„Македонија стана држава во која владеат измами и рекети, се газат принципите, поразите како нација ни станаа секојдневие, а неправдата и криминалот силно ја гушат секоја пора преостаната слобода. Премногу млади и добри луѓе ни ја напуштаат државата поради лошиот живот, а се покажа дека проблемите не познаваат ниту вера или нација, тие се заеднички“, потенцира Јанушев, констатирајќи дека нивата грижа е заедничка и Македонија има надеж.

„ВМРО-ДПМНЕ цврсто верува дека заедно, еден до друг, сложно ќе донесеме Правда, Победа, Промени, Принципи, а сето ова ќе значи Обнова на Македонија.

Ве поканувам во сабота, на 21 декември, со почеток во 14:00 часот, во салата Јане Сандански на Собир со една порака: ОБНОВАТА ДОАЃА! Да ги кажеме нашите ВРЕДНОСТИ и ВИЗИЈА! Затоа што ја сакаме Македонија, затоа што веруваме и се бориме за заедничката иднина. И затоа што ќе победиме заедно! Види помалку“, повикува Јанушев.