Јанушев: Владата ќе троши 20 милиони денари за шетања но нема пари за плати во Охис и Еврокомпозит

Владата ќе троши 20 милиони денари за шетање и авионски карти, но нема пари да го реши случајот со вработените во Охис и Еврокомпозит, за кои нема плати, пишува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Железничарите штрајкуваат поради немање на плати, но Владата не се откажува од скапи авионски билети за себе.

Знаеме дека нема пилот во авионот на Владата, но има авио-карти кои се скапо платени.

Тоа е тој познат двоен стандард на расипничко трошење на народните пари. 20 милиони денари за шетање низ светот и авио-карти, но ниту денар повеќе за македонскиот земјоделец кому министрите од владата му викаат “од мотиката подалеку” … и нула денари за болниците кои наликуваат на преградие во некоја афричка провинција.

Тоа е тоа наводно блескање на Заев“, напиша генералниот секратар на опозициската партија.